Skip to main content

+38977816447

Добредојдовте на Cvikeri.com - првиот и најдобар онлајн оптичар во регионот!

Совети за носењето на прогресивни очила

Секогаш штом правите нови очила, вашиот мозок треба да се навикне на новите стакла / очила. Општо земено, периодот на адаптација на прогресивните стакла може да варира од еден ден до три недели, на што влијаат неколку фактори:

- пропишаната диоптрија за далеку и блиско

- зголемување на вредноста на адицијата

- искуството со претходните стакла

Во случај на проблеми, не двоумете се да контактирате со вашиот оптичар. Тој со задоволство ќе одговори на сите ваши прашања или ќе ги прилагоди очилата доколку е потребно.

Што се прогресивните стакла и како функционираат?

saveti za progresivne naocare

Прогресивните стакла се најнапредното оптичко решение за вашите очи, бидејќи содржат неколку корективни области. Тие ви овозможуваат јасно да гледате на сите растојанија.

Подрачје за далеку

podrucje za daljinu

Кога гледате низ горниот дел од стаклата, ќе гледате многу удобно во далечина, на пример додека возите, додека гледате телевизија или филм во кино, или додека шетате во природа.

Средна зона

srednja zona

Средната зона или прогресивниот канал е средниот дел од стаклата каде што јачината на диоптријата се менува глатко и постепено до диоптријата за блиску. Ширината на подрачјето зависи од избраниот дизајн на стаклата. Иако е тоа најтесниот дел од стаклата, сепак ви овозможува јасно да гледате на средни растојанија, како што е компјутерскиот монитор или контролната табла на вашиот автомобил.

Подрачје за блиску

podrucje za blizinu

Подрачјето во долниот дел на стаклата е наменето за читање или гледање предмети од блиску. Во овој дел, јачината е најголема. Ви овозможува удобен вид и широко видно поле.

Периферни делови

periferna područja

Таканаречените периферни зони на прогресивни стакла се нејасни визуелни подрачја на делови од рабовите на стаклата. Невозможно е целосно да се елиминираат таквите подрачја, но нема да ви пречат ако ги следите препораките.

Препораки за подрачјето за далеку

Горниот дел од стаклата ви овозможува јасно да гледате на далеку.

Кога гледате далеку, бидете сигурни дека секогаш гледате низ горниот дел од стаклата. Се препорачува не само да ги свртите очите, туку и главата во правецот во којшто сакате да гледате.

Специјални совети за одење по скали

hodanje niz stepenice

Гледајте низ горниот дел од стаклата и спуштете ја брадата кон градите. Бидете сигурни дека го гледате секој чекор пред да зачекорите. Користете огради, особено на почетокот. Брзо ќе го добиете природното чувство за одење по скалите.

Совети за возење

saveti za voznju

Во зависност од централната гледна точка, ќе го користите или подрачјето за далеку или средната зона на вашите стакла.

Гледање на патот

Држете ги рацете во нормална положба и гледајте низ горниот дел од стаклата (подрачје за далеку).w

Гледање на контролната табла

Малку спуштете ја главата и гледајте низ средниот дел од вашите стакла, средната зона.

Ретровизори

Гледајте низ горниот дел од вашите стакла и свртете ја главата кон ретровизорот којшто сакате да ги користите.

Возење во рикверц

Користете го горниот дел од стаклата и свртете ја главата во насоката во којашто сакате да возите во рикверц. Веројатно ќе треба да ја свртите главата повеќе од порано.

Препораки за употреба на средната зона

Централниот дел на стаклата ќе ви помогне да се фокусирате на објекти на средна оддалеченост.

Тоа е растојание од половина до 1,5 метри. Ќе треба да ја спуштите или кренете брадата за да ја најдете најострата фокусна точка. Ако работите во канцеларија, ќе ја користите средната зона за да гледате во мониторот или во предметите на бирото.

Очила за канцеларија

naocare za kancelariju

Ако средната зона е премногу тесна за вас, ви препорачуваме да пробате канцелариски стакла коишто се специјално дизајнирани за непречено менување помеѓу блискиот опсег и средните растојанија. Тие нудат поширока средна област, поддржувајќи растојание до 4 м. Професионалците коишто сакаат највисока резолуција, контраст и визуелна перспектива ќе уживаат во придобивките од канцелариските стакла за очила.

Совети за користење на зоната за блиску

citanje blizina

Долниот дел од вашите стакла ќе ви помогне да се фокусирате на објекти што се блиску до вас. На пример книга, таблет, списание или весник.

Држете го материјалот за читање во добра положба (помеѓу 33 и 40 см од очите). Гледајте низ долниот дел на стаклата за да ја пронајдете најострата точка на фокусирање.

Специјални совети за читање

За да ја прочитате целата линија на еден текст, ќе биде потребно поместување на главата од една на друга страна.

Читање над нивото на очите

citanje iznad visine ociju

Секој пат кога сакате да погледнете нешто блиску, но над нивото на очите, погрижете се да ја кренете брадата доволно високо додека не ја најдете најострата точка на фокус. Ќе гледате низ средниот или долниот дел на стаклата, во зависност од тоа колку сте далеку од објектот.

Приспособување кон новите стакла за очила

Ќе потрае некое време додека се навикнете на новите стакла коишто се специјално создадени за периодот на адаптација да биде што е можно пократок. Следете ги инструкциите подолу за уште пократок процес на приспособување.

- Носете ги новите очила што е можно почесто. Ставањето и симнувањето на очилата ќе го забават периодот на приспособување. Особено во првите недели, важно е да ги носите цел ден.

- Не носете стари очила. Очите постојано ќе мора повторно да се рефокусираат што ќе предизвика замор.

- Секогаш движете ја главата во правецот на гледање, немојте само да ги движите очите.

- Ако не се чувствувате удобно и чувствувате главоболки по 2-4 недели носење, посетете оптичар и консултирајте се со него.

- Редовно посетувајте оптичар за да проверите дали рамката правилно се вклопува, особено ако сте се удриле во нешто. Ова ќе обезбеди најдобар можен вид.

Нови очила - во само четири чекори!
Icon  Glasses
1

ИЗБЕРЕТЕ РАМКА

Ние ви нудиме голем избор на диоптриски рамки. Во понудата имаме метални, пластични, поликарбонатни, титаниумски, силиконски рамки...

Icon  Document 0
2

ДИОПТРИСКИ НАОД

Испратете ни слика од вашиот диоптриски наод, или внесете ги вредностите од наодот при нарачувањето, а можете и да ни се јавите за совет!

Icon  Picker 0
3

ИЗБЕРЕТЕ СТАКЛА

Вградуваме монофокални, прогресивни и бифокални стакла - анти-рефлексни, фотосензитивни, Trivex ... Соработуваме со сите производители и нудиме најповолни цени.

Icon  Delivery
4

ИСПОРАКА НА ОЧИЛАТА

Очекувајте го курирот во следните неколку дена, и уживајте во носењето на новите очила!