Skip to main content

Добредојдовте на Cvikeri.com - првиот и најдобар онлајн оптичар во регионот!

Pročitajte još

Isprobajte čak i do tri modela kod kuće - pre kupovine!

Savetujte se sa prijateljima i porodicom u udobnosti svoga doma. Nakon što odaberete svoje nove naočare pošaljite nam ih nazad da bismo obavili ugradnju sočiva.

Cvikeri

Odaberite savršen par naočara za Vas uz pomoć virtuelnog ogledala

Virtuelno ogledalo pomoći će Vam da pronađete okvir koji savršeno pristaje Vašem licu. Uz fantastičan realizam, isprobajte bilo koji okvir uz pomoć kamere na Vašem uređaju.

Brendovi
Aktuelno

Како да се избере рамката спрема обликот на лицето?

Одредете го обликот на вашето лице, а со тоа и соодветен облик на очила! Гледајте се себеси во огледало или на слика и споредете се со сликите подолу. Постојат 5 основни форми на лице:

1) ОКРУГЛО

okruglo lice

ОПИС: Вашиот облик на лице нема остри агли со тенденција да биде поширок во областа на јаготките и заоблено  вдолж линијата на  вилицата и челото. Должината е еднаква или приближно еднаква на неговата ширина.

НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Правоаголни, со нагласени агли.

ЗАБЕЛЕШКИ: НЕМОЈТЕ да изберете округла рамка.

ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Издолжено лице.

2) ОВАЛЕН

ovalno lice

ОПИС: Вакво лице има најправилен облик. Должината на лицето  е еднаква на 1,5 ширини, при што ширината на челото и вилицата се исти или приближно исти.

НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Било каков облик.

ЗАБЕЛЕШКИ: Изберете рамка којашто е широка колку и најширокиот дел од Вашето лице.

ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Одржување на баланс на Вашето пропорционално лице.

3) ОБЛИК НА СРЦЕ

srcoliko lice

ОПИС: Обликот на срце или обликот на превртен триаголник се карактеризира со ширина во пределот на челото и јаготките, а потоа лицето постепено се стеснува спрема вилицата. Линијата на брадата кај овој облик, воглавно не е истакната, што значи дека врвот на брадата е често шпицест.

НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Округла рамка или рамка со поширок долен дел, или носете очила без рамки.

ЗАБЕЛЕШКИ: Изберете рамка со тесен мост на носот и нагласете ја рамката во долниот дел на лицето.

ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Да се создаде складна пропорција на лицето со ширење на брадата и стеснување на челото.

4) ЧЕТВРТЕСТ

cetvrtasto lice

ОПИС: Се карактеризира со јако и широко чело со четвртеста вилица, при што челото и вилицата имаат приближно еднаква ширина. Обликот може да биде повеќе правоаголен ако е лицето потесно или повеќе четвртест, (облик на квадрат), ако лицето е пошироко.

НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Тркалезна, заоблена, овална рамка (на пр. Авијатичарски очила).

ЗАБЕЛЕШКИ: Издолжете го Вашето лице со рамка чијашто ширина е поголема од висината.

ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Да се омекне Вашето лице од остри линии и да се издолжи.

5) ТРИАГОЛЕН

trouglasto lice

 

ОПИС: За триаголниот облик е карактеристично специфично  тесно чело и тесни јаготки, а лицето потоа се шири спрема вилицата. Вилицата е многу поширока од челото и обично има многу истакната линија.

НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Округли или "мачкасти" рамки (овални, некои четвртести).

ЗАБЕЛЕШКИ: Нагласете го горниот дел од лицето со рамка којашто има истакнат горен дел, или со полу-рамки. Изберете рамка со детали на линијата на веѓите.

ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Намалување на ширината на брадата и истакнување на вниманието на горниот дел од лицето.

 

Како да го протолкувате вашиoт наод?

За да нарачате очила од нас потребно е да имате наод од очен преглед. Идеален би било да направите преглед на секои две години бидејќи диоптријата се менува, или секоја година ако сте на возраст над 70 години. После очниот преглед, Вашиот оптичар е должен да Ви го даде Вашиот наод, а Вие имате право да го побарате наодот. Доколку оптичарите се обидат да го оспорат ова право, запаметете дека сте го платиле наодот – и тој е Ваш! Кога ја знаете својата диоптрија, можете да купите очила по многу пониски цени преку интернет.

Како да го пополните образецот за диоптерот кога нарачувате?

Ви препорачуваме да го сликате или скенирате вашиот наод и да го внесете во полето коешто е за тоа предвидено при прегледот на производот. Во тој случај, вие не треба да го пополнувате образецот за диоптерот.

Во спротивно, следете ги следните упатства. Диоптрискиот наод не е тешко да се разбере. Еве како изгледа стандарден диоптриски наод:

izgled recepta

Што значат ознаките на наодот?

1. Првиот број ја покажува сферноста и ви укажува дали сте кратковид (-) или далекудвид (+) на секое око. Поголем број означува поголема диоптрија.

2. Ако имате астигматизам, и вториот и третиот број ќе бидат внесени во извештајот. Вториот број се однесува на "цилиндричност", којашто исто така може да биде позитивна и негативна. Тоа Ви укажува колкав е Вашиот астигматизам. 

3. Третиот број опишува ориентација на цилиндрични леќи и има вредност помеѓу 0 и 180 степени. 

Ако имате мускулна нерамнотежа во окото, полињата за призма и база ќе бидат пополнети. Призмата обично е запишана како дропка (на пример, 1 ½) а базата на призмата ја покажува насоката на призмата во леќата. Ова е доста ретка ставка. 

Вие би требало да го прашате Вашиот оптичар за растојанието помеѓу зениците (ПД).

Забелешки:

- ознаката "план" значи дека не постои диоптер (може да се случи да имате ознака "план" за сферност, но сепак да биде запишана вредност за цилиндрите и "axis")

- ако вашaта диоптрија е посложена, ќе треба да ни го испратите вашиот скениран (или насликан) наод за да можеме да ве услужиме

- aдиција ( "add") се пополнува само за бифокални или прогресивни стакла (стакла, коишто се истовремено и за далечина и за блиску). Ако има само една вредност за адиција (ADD), тогаш тоа се однесува и на двете очи.

- ако Вашиот рецепт содржи неколку видови на адиција (inter ADD near ADD), ќе треба да ја внесете својата скенирана диоптрија, за да можеме да Ве услужиме.

Како да се измери растојанието помеѓу зениците (PD)? 

Растојанието помеѓу Вашите очи се мери од центарот на зениците. Просечната вредност на ПД е во опсег од 54-74mm. Неопходно е да потражите од Вашиот оптичар да ви ја наведе оваа вредност по прегледот, бидејќи е можно таа да не се наоѓа на рецептот. Погледнете како сами да го измерите растојанието помеѓу зениците.

merenje pd razmak zenica

Ако вашиот оптометрист ја нема на рецептот назначено вредноста на вашето PD (растојанието помеѓу зениците) вредност можете да ја прочитате и во некој претходен рецепт, бидејќи оваа вредност не се менува со текот на времето, освен се разбира кај децата. 

Растојанието помеѓу зениците може да се одреди со помош на пријател или некој од семејството. Вашиот помошник треба да држи лењир точно пред Вашите очи и да го мери растојанието во mm од центарот на зеницата на едното око до центарот на зеницата на другото око. Погледот треба да го насочите право пред себе во оддалечен објект и да го смирите. Повторете го мерењето неколку пати да бидете сигурни во правилната вредност. Никогаш немојте напамет да ја одредувате Вашата PD вредност.

Запомнете, вие не сте должни да купите рамки на местото кадешто сте го извршиле прегледот. Купувањето преку интернет ви нуди голем број на заштеди заради смалените деловни  трошоци.

Како да ја изберете вистинската големина на рамките?

Како да ја изберете вистинската големина на рамките спрема лицето? Прочитајте понатаму за да дознаете како да изберете совршена големина на рамки, кои рамки најмногу одговараат на одреден тип на лице и што значат малите бројки на вашите очила.

Како да ги пронајдете соодветните рамки преку интернет?

Ако немате помош од оптичар при купувењето или ако немате можност да ги пробате очилата што сте ги забележале, купувањето преку интернет може да биде малку деликатно, но овој проблем лесно се решава.

Како да изберете рамки со исти димензии како вашите стари очила?

Сите рамки за очила имаат испечатени бројки за нивните димензии. Овие димензии обично можете да ги најдете на внатрешната страна на рачките.

oznake na okviru

Броевите што треба да ги побараме вообичаено се во серија од три броја, на пример, 53-17-140. Во овој текст можеме да ги претставиме овие броеви како „a-b-c“, заради поедноставно разбирање. Обично ќе видите мал правоаголник што ги одделува броевите „а“ и „b“, што помага да се олесни забележувањето.

Бројот од левата страна на правоаголникот, или „а“ во нашата низа, е ширината на стаклото. Тоа е должината на стаклото во нејзината најдолга точка, измерена во милиметри. Бројот десно од правоаголникот, или „b“ во нашата низа, е должината на мостот во милиметри. Овој број го претставува растојанието помеѓу двете стакла – тоа е делот што одговара на вашиот нос. Конечно, „c“ е должината на рачките на вашите очила. Овој број не е толку важен бидејќи рачките може да се издолжат или скратат колку што е потребно во секоја оптика.

Најважните броеви за избор на соодветна големина на рамките се „а“ и „b“. Само усогласете ги димензиите „а“ и „b“ од вашите стари очила со новата рамка и на тој начин ќе го имате истото искуство за носење како со досегашните очила. Дури и ако има мала разлика во димензиите, отстапувањето од 1-2 мм нема да направи забележителна разлика.

Овие мерки се достапни на нашата веб-страница. Сите рамки за очила, како и очилата за сонце на нашата веб-страница содржат мерки како што се ширина на стакло, ширина на мост, должина на рачки, ширина на рамка и висина на стакло, за да ви помогнат при изборот на очила.

dimenzije okvira

Како да измерите на себе која рамка совршено би ви одговарала?

Merenje sa lenjirom

Можеби прв пат купувате преку интернет и не сте сигурни како да си измерите на себе за рамка којашто совршено би ви одговарала. Се што ви треба е метар за мерење.

1. Застанете пред огледало и држете го линијарот во линија со вашите слепоочници.

2. Измерете го растојанието помеѓу вашите слепоочници во милиметри.

Сега кога го измеривте вашето лице, споредете ја ширината на рамката што ја сакате. Ова ќе биде збир од ширината на стаклото којашто штотуку ја претставивме со „a“ помножено со 2 (a * 2), плус ширината на мостот („b“ во нашиот пример). Големината на рамката може да отстапува до +4 mm од вашето мерење. Едноставно изберете рамка чија ширина е слична на ширината на вашето лице.

 

Која е точната ширина на рамката во однос на моето лице?

Merenje okvira

 

Има уште неколку работи што треба да се земат предвид при изборот на очила:

- Очилата треба да го надополнат вашиот тип на лице. Општо правило е да се направи контраст - обликот на рамката во однос на обликот на лицето.

- Ширината на вашата рамка не треба да биде поширока од вашето лице во слепоочниците.

- Горниот дел од вашата рамка не треба да биде над линијата на веѓите.

- Долниот раб на рамката не би требало да лежи на образите бидејќи така би започнала да ја трие вашата кожа што би можело да предизвика иритација.

Нови очила - во само четири чекори!
Icon  Glasses
1

ИЗБЕРЕТЕ РАМКА

Ние ви нудиме голем избор на диоптриски рамки. Во понудата имаме метални, пластични, поликарбонатни, титаниумски, силиконски рамки...

Icon  Document 0
2

ДИОПТРИСКИ НАОД

Испратете ни слика од вашиот диоптриски наод, или внесете ги вредностите од наодот при нарачувањето, а можете и да ни се јавите за совет!

Icon  Picker 0
3

ИЗБЕРЕТЕ СТАКЛА

Вградуваме монофокални, прогресивни и бифокални стакла - анти-рефлексни, фотосензитивни, Trivex ... Соработуваме со сите производители и нудиме најповолни цени.

Icon  Delivery
4

ИСПОРАКА НА ОЧИЛАТА

Очекувајте го курирот во следните неколку дена, и уживајте во носењето на новите очила!