
Одредете го обликот на вашето лице, а со тоа и соодветен облик на очила! Гледајте се себеси во огледало или на слика и споредете се со сликите подолу. Постојат 5 основни форми на лице:
1) ОКРУГЛО
ОПИС: Вашиот облик на лице нема остри агли со тенденција да биде поширок во областа на јаготките и заоблено вдолж линијата на вилицата и челото. Должината е еднаква или приближно еднаква на неговата ширина.
НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Правоаголни, со нагласени агли.
ЗАБЕЛЕШКИ: НЕМОЈТЕ да изберете округла рамка.
ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Издолжено лице.
2) ОВАЛЕН
ОПИС: Вакво лице има најправилен облик. Должината на лицето е еднаква на 1,5 ширини, при што ширината на челото и вилицата се исти или приближно исти.
НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Било каков облик.
ЗАБЕЛЕШКИ: Изберете рамка којашто е широка колку и најширокиот дел од Вашето лице.
ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Одржување на баланс на Вашето пропорционално лице.
3) ОБЛИК НА СРЦЕ
ОПИС: Обликот на срце или обликот на превртен триаголник се карактеризира со ширина во пределот на челото и јаготките, а потоа лицето постепено се стеснува спрема вилицата. Линијата на брадата кај овој облик, воглавно не е истакната, што значи дека врвот на брадата е често шпицест.
НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Округла рамка или рамка со поширок долен дел, или носете очила без рамки.
ЗАБЕЛЕШКИ: Изберете рамка со тесен мост на носот и нагласете ја рамката во долниот дел на лицето.
ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Да се создаде складна пропорција на лицето со ширење на брадата и стеснување на челото.
4) ЧЕТВРТЕСТ
ОПИС: Се карактеризира со јако и широко чело со четвртеста вилица, при што челото и вилицата имаат приближно еднаква ширина. Обликот може да биде повеќе правоаголен ако е лицето потесно или повеќе четвртест, (облик на квадрат), ако лицето е пошироко.
НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Тркалезна, заоблена, овална рамка (на пр. Авијатичарски очила).
ЗАБЕЛЕШКИ: Издолжете го Вашето лице со рамка чијашто ширина е поголема од висината.
ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Да се омекне Вашето лице од остри линии и да се издолжи.
5) ТРИАГОЛЕН
ОПИС: За триаголниот облик е карактеристично специфично тесно чело и тесни јаготки, а лицето потоа се шири спрема вилицата. Вилицата е многу поширока од челото и обично има многу истакната линија.
НАЈДОБАР ОБЛИК НА РАМКА: Округли или "мачкасти" рамки (овални, некои четвртести).
ЗАБЕЛЕШКИ: Нагласете го горниот дел од лицето со рамка којашто има истакнат горен дел, или со полу-рамки. Изберете рамка со детали на линијата на веѓите.
ЦЕЛ КОЈАШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО РАМКАТА: Намалување на ширината на брадата и истакнување на вниманието на горниот дел од лицето.