Skip to main content

+38977816447

Добредојдовте на Cvikeri.com - првиот и најдобар онлајн оптичар во регионот!

Очила за возење EyeDrive стакла дизајнирани за возачи

Очилата со стакла за возење не само што овозможуваат релаксирачко возење, туку и значително ја зголемуваат неговата безбедност. Но, што треба да имаат предвид корисниците кога купуваат очила за возење?

 

Лошиот вид е еден од најголемите безбедносни ризици при возењето!

 

Очилата со стакла за возење се многу повеќе од моден додаток: тие ни помагаат помеѓу другото да гледаме подобро, да ја зголемиме безбедноста на патиштата, да ги релаксираме очите и да ги заштитиме од штетното зрачење.

Истражувањата покажаа дека многу возачи имаат проблем со слабиот вид. Тоа е една од главните причини за сообраќајни несреќи и ризик што секој возач лесно може да го намали. Редовните прегледи на очите кај офталмолог, и доколку е потребно, земање соодветни очила, се од суштинско значење за секој возач.

Секој пат кога возиме, нашите очи се соочуваат со тешки предизвици како што се лошата светлина, заслепувачка сончева светлина, магла, влажни и рефлектирачки патишта. Запомнете дека нашите очи треба да обрнат внимание и на другите возачи, знаци и информации. Сепак, вистинските очила можат да ги претворат долгите и чести возења во пријатни, и што е најважно, безбедни патувања.

Но, што ги прави идеалните очила за возење?

Иновација со голем потенцијал

Стакла за возење EyeDrive®

Технологијата EyeDrive® со технологијата Reflect Control е иновација споредлива со развојот на електричните автомобили во автомобилската индустрија. Овој нов сегмент е специјално дизајниран за да обезбеди свеж и јасен вид дење и ноќе - идеално решение за возачите на автомобили.

Кога очилата со антирефлексивни стакла ги достигнат своите граници, EyeDrive® е тука за да го покаже својството на исклучителна острина на видот, особено ноќе.

Eyedrive

EyeDrive® ИНОВАЦИЈА ЗА ДЕН И НОЌ

EyeDrive® го намалува отсјајот и обезбедува широко видно поле во сите зони – во текот на целиот ден и ноќе.

EyeDrive® е идеално стакло за луѓе коишто поминуваат многу време на пат: како совршен втор пар очила за возење или како прв пар за целодневна употреба, особено за новите носители. EyeDrive® е стакло што ќе ги воодушеви носителите со своите уникатни својства.

Reflect control

КОНТРОЛА НА РЕФЛЕКСИЈАТА - НОВ ПРЕСВРТ ВО ТЕХНОЛОГИЈАТА НА СТАКЛАТА ЗА ОЧИЛА

Reflect Control е нова технологија којашто се наоѓа во позадината на EyeDrive® стаклата. Тоа е единствена комбинација на доработка на стаклата и дизајнот на стаклата. Ја компензира иритацијата на очите предизвикана од ненадејна количина светлина што стигнува до окото и го подобрува контрастот. Ноќната рефлексија на стаклата EyeDrive® е 90% помала во споредба со органските стакла без антирефлексивен слој (индекс 1.6) и 57% помала во споредба со стаклата со антирефлексивен слој што моментално се достапни на пазарот.

refleksija svetla

TRANSITIONS® XTRACTIVE® ФОТОСЕНЗИТИВНИ СТАКЛА – ДУРИ И ПОЗАДИ ВЕТРОБРАНСКОТО СТАКЛО НА АВТОМОБИЛОТ

Transitions® XTRActive® се фотосензитивни стакла коишто потемнуваат зад шофершајбната на автомобилот. Transitions® XTRActive® технологијата совршено се прилагодува на светлосните услови и обезбедува потемнување на стаклата и зад шофершајбната на автомобилот (затемнување до 50%). *

Активирањето на стаклата обезбедува идеален вид при силна сончева светлина, како и во услови на слаба осветленост, како што се тунели или шумски области. Затоа, стаклата Transitions® XTRActive® го ослободуваат носителот од непрактичната промена на очилата зад ветробранското стакло, овозможувајќи му на возачот целосно да се концентрира на патот.

Transitions® XTRActive® се исто така совршено прилагодени за ноќно возење. Комбинирајќи оптимална заштита од отсјај ноќе и квалитетна заштита од сонце во текот на денот, тие се идеални стакла за сите луѓе коишто поминуваат многу време во автомобил.

 

* Затемнувањето на стаклата Transitions® XTRActive® зад шофершајбната зависи од неколку фактори како што се: обликот и наклонот на ветробранското стакло, својството на пропустливост, положбата на возачот, страничните прозорци.

 

КОРИСНИЦИ Бр. 1 - ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЗАЧИ

Овие корисници го користат автомобилот секој ден бидејќи е составен дел од нивните работни обврски, како на пр. претставници за продажба, таксисти, возачи на автобуси, возачи на камиони ... за нив, јасниот вид во текот на целиот ден е исклучително важен. Затоа овие корисници се идеални носители на EyeDrive® стаклата коишто им даваат висок степен на квалитетен вид, без оглед на периодот од денот, особено со Transitions XTRActive.

Како носителите на очилата го оценуваат квалитетот на нивниот вид? Овој дијаграм покажува како возачите го оценуваат квалитетот на нивниот вид, според тестовите спроведени од оптичари и офталмолози.

profesionalni vozaci

КОРИСНИЦИ Бр. 2 - АКТИВНИ ДЕЛОВНИ ЛУЃЕ

Модно ориентирани, социјално вмрежени, честопати во контакт со пријателите, постојано во движење. Сепак, тие се чувствуваат несигурно кога треба да возат во самрак или ноќе. Овој тип на корисник бара дополнителни очила за ноќно возење. Стаклата EyeDrive® им даваат свеж и остар вид во текот на целиот ден.

Какви дополнителни очила бараат? Овој дијаграм го покажува одговорот на прашањето: за која цел би сакале да имате дополнителен пар очила?

poslovni ljudi

КОРИСНИЦИ Бр. 3 - МЛАДИ ВОЗАЧИ

Тие се млади, неодамна носители на возачка дозвола, возачи на мотоцикли или автомобили. EyeDrive® станува совршено решение против почетничките грешки во возењето, добро забележување на знаците на патиштата, контролната табла на автомобилот како и ноќно возење без страв од непријатен отсјај.

Како младите луѓе кои не носат очила го оценуваат квалитетот на нивниот вид? Овој дијаграм покажува како младите возачи на мотоцикли го оценуваат квалитетот на нивниот вид, според истражувањата спроведени од оптичари и офталмолози.

maldi vozaci

 

Јавете ни се за цена.: 024 551 876

 

Нови очила - во само четири чекори!
Icon  Glasses
1

ИЗБЕРЕТЕ РАМКА

Ние ви нудиме голем избор на диоптриски рамки. Во понудата имаме метални, пластични, поликарбонатни, титаниумски, силиконски рамки...

Icon  Document 0
2

ДИОПТРИСКИ НАОД

Испратете ни слика од вашиот диоптриски наод, или внесете ги вредностите од наодот при нарачувањето, а можете и да ни се јавите за совет!

Icon  Picker 0
3

ИЗБЕРЕТЕ СТАКЛА

Вградуваме монофокални, прогресивни и бифокални стакла - анти-рефлексни, фотосензитивни, Trivex ... Соработуваме со сите производители и нудиме најповолни цени.

Icon  Delivery
4

ИСПОРАКА НА ОЧИЛАТА

Очекувајте го курирот во следните неколку дена, и уживајте во носењето на новите очила!