
Како да ја изберете вистинската големина на рамките спрема лицето? Прочитајте понатаму за да дознаете како да изберете совршена големина на рамки, кои рамки најмногу одговараат на одреден тип на лице и што значат малите бројки на вашите очила.
Како да ги пронајдете соодветните рамки преку интернет?
Ако немате помош од оптичар при купувењето или ако немате можност да ги пробате очилата што сте ги забележале, купувањето преку интернет може да биде малку деликатно, но овој проблем лесно се решава.
Како да изберете рамки со исти димензии како вашите стари очила?
Сите рамки за очила имаат испечатени бројки за нивните димензии. Овие димензии обично можете да ги најдете на внатрешната страна на рачките.
Броевите што треба да ги побараме вообичаено се во серија од три броја, на пример, 53-17-140. Во овој текст можеме да ги претставиме овие броеви како „a-b-c“, заради поедноставно разбирање. Обично ќе видите мал правоаголник што ги одделува броевите „а“ и „b“, што помага да се олесни забележувањето.
Бројот од левата страна на правоаголникот, или „а“ во нашата низа, е ширината на стаклото. Тоа е должината на стаклото во нејзината најдолга точка, измерена во милиметри. Бројот десно од правоаголникот, или „b“ во нашата низа, е должината на мостот во милиметри. Овој број го претставува растојанието помеѓу двете стакла – тоа е делот што одговара на вашиот нос. Конечно, „c“ е должината на рачките на вашите очила. Овој број не е толку важен бидејќи рачките може да се издолжат или скратат колку што е потребно во секоја оптика.
Најважните броеви за избор на соодветна големина на рамките се „а“ и „b“. Само усогласете ги димензиите „а“ и „b“ од вашите стари очила со новата рамка и на тој начин ќе го имате истото искуство за носење како со досегашните очила. Дури и ако има мала разлика во димензиите, отстапувањето од 1-2 мм нема да направи забележителна разлика.
Овие мерки се достапни на нашата веб-страница. Сите рамки за очила, како и очилата за сонце на нашата веб-страница содржат мерки како што се ширина на стакло, ширина на мост, должина на рачки, ширина на рамка и висина на стакло, за да ви помогнат при изборот на очила.
Како да измерите на себе која рамка совршено би ви одговарала?
Можеби прв пат купувате преку интернет и не сте сигурни како да си измерите на себе за рамка којашто совршено би ви одговарала. Се што ви треба е метар за мерење.
1. Застанете пред огледало и држете го линијарот во линија со вашите слепоочници.
2. Измерете го растојанието помеѓу вашите слепоочници во милиметри.
Сега кога го измеривте вашето лице, споредете ја ширината на рамката што ја сакате. Ова ќе биде збир од ширината на стаклото којашто штотуку ја претставивме со „a“ помножено со 2 (a * 2), плус ширината на мостот („b“ во нашиот пример). Големината на рамката може да отстапува до +4 mm од вашето мерење. Едноставно изберете рамка чија ширина е слична на ширината на вашето лице.
Која е точната ширина на рамката во однос на моето лице?

Има уште неколку работи што треба да се земат предвид при изборот на очила:
- Очилата треба да го надополнат вашиот тип на лице. Општо правило е да се направи контраст - обликот на рамката во однос на обликот на лицето.
- Ширината на вашата рамка не треба да биде поширока од вашето лице во слепоочниците.
- Горниот дел од вашата рамка не треба да биде над линијата на веѓите.
- Долниот раб на рамката не би требало да лежи на образите бидејќи така би започнала да ја трие вашата кожа што би можело да предизвика иритација.